Свет Уште две лица загинаа од БИРС во Јужна Кореја

Уште две лица загинаа од БИРС во Јужна Кореја

Во Јужна Кореја уште две лица починаа од Блискоисточен респираторен синдром (БИРС), соопштија денеска локалните власти.

Вкупниот број на смртни случи се искачи на девет.

Поради ситуацијата со епидемијата, претседателката Парк Геун-Хје ја одложи својата посета на САД од 14 до 18 јуни.
Во Јужна Кореја се забележани 13 нови случаи на БИРС, а вкупно се заболени 108 лица. Повеќе од 3.000 лица се изолирани бидејќи биле во контакт со заразени со вирусот.

Од блискоисточниот респираторен синдром, кој првпат се појави во 2012 година, досега починале повеќе од стотина луѓе.