Свет Свет Уште двајца кандидати за републиканска номинација за изборите во САД

Уште двајца кандидати за републиканска номинација за изборите во САД

Двајцата кандидати, Карли Фиорина и Бен Карсон, кои имаат мали шанси да учествуваат во завршницата на американските претседателски избори во 2016 година, ја објавија својата кандидатура за номинација на Републиканската партија.

Поранешната директорка на компанијата „Хјулит-Пакард“, Фиорина, е единствената жена што побарала републиканска номинација, додека неврохирургот Карсон најверојатно ќе биде единствениот кандидат Афроамериканец помеѓу републиканците.

На овие двајца кандидати не им се дава голема шанса затоа што во трка за републиканската номинација веќе има искусни политичари, како сенаторите Тед Круз и Марко Рубио.

Се очекуваат кандидатурите на уште неколку влијателни републиканци, како синот и братот на поранешните претседатели, Џеб Буш, гувернерот на Висконсин, Скот Вокер, и гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи.