Македонија Уште два дена за аплицирање на огласот за следење и за анализа...

Уште два дена за аплицирање на огласот за следење и за анализа на владината програма

Сто и седумдесет кандидати досега се пријавиле на огласот на Владата за ангажирње лица за следење, анализа и за поддршка на реализацијата на програмата и на проектите. Се бара квалитетен кадар кој ќе придонесе за уште поинтензивна реализација на програмата, а пријавувањето на огластот заинтересираните може да го направат уште денеска и утре.

– Пријавите од апликантите ќе се примаат и денеска и утре до 24 часот. Досега имаме пријавено околу 170 кандидати и ги охрабруваме сите лица што имаат спсобности и квалитет да аплицираат и да добијат можност да бидат избрани – вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Тој додаде дека целта не е масовноста, туку квалитетот на кандидатите и нивната способност.

– Потребен ни е квалитетен кадар, кој со своите вештини и знаења ќе придонесе за уште поинтензивна реализација на програмата. Единствен критериум врз основа на кој ќе се селектираат кандидатите, ќе бидат нивните знаења, квалитети и вештини – рече Ѓорѓиев.

Владата на Република Македонија огласот за пројавување интерес за кандидати за ангажирање во Кабинетот на премиерот, кои би работеле на следење и на анализа на реализација на владината програма и на поддршка на институциите во спроведувањето на проектите, го објави на деветти овој месец и трае до 21 јануари 2015 година.

Основни параметри за изборот би биле знаењето и вештините на кандидатите. Потребен е профил на кадар од типот на проектен менаџер, односно лица кои имале искуство со работа на проекти, кои имаат познавање на менаџментот и принципите на менаџментот, ја познаваат владината програма и имаат пошироки познавања за ресорите, со што би се обезбедил посеопфатен пристап во реализацијата на проектите.