Македонија Уште девет дена за аплицирање на Конкурсот за награда на Европската унија...

Уште девет дена за аплицирање на Конкурсот за награда на Европската унија за истражувачко новинарство

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потсетува дека остануваат уште девет дена за аплицирање за наградата на Европска унија за истражувачко новинарство.

На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, поврзани со следните теми: слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќта и основни човекови права, корупција и организиран криминал.

Наградниот фонд за 2020 година изнесува 10.000 евра. Првата награда изнесува 5.000 евра, втората 3.000 и третата 2.000 евра.