Дописници УСАИД спроведе работилница за презентација на дигитални сликовници

УСАИД спроведе работилница за презентација на дигитални сликовници

Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, во соработка со Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, спроведе работилница за презентација на дигитални сликовници.

Преку работилницата, која е дел од проектот „Со читање до лидерство“, презентирани се околу дваесеттина дигитални сликовници, кои можат да се користат во наставата по повеќе предмети. Присутните беа запознаени со начините како да се користат ваквиот вид сликовници, кои покрај илустрации и текст, имаат и аудиозапис.

Од ОУ „Григор Прличев“ велат дека користењето на дигиталните сликовници може значително да збогати одредени наставни единици по некои од предметите, особено во одделенската настава.