Свет Ураганот Метју усмрти 34 лица во САД

Ураганот Метју усмрти 34 лица во САД

Триесет и четири лица загинаа во САД во налетот на ураганот Метју, од кои половината се од Северна Каролина.

Гувернерот на Северна Каролина соопшти дека бројот на загинатите во неговата држава се зголемил на 18 лица откако се пронајдени уште четири тела. Другите загинати се од сојузните држави Џорџија, Флорида и Јужна Каролина.

Како што јавуваат локалните медиуми, околу 4.000 лица од Северна Каролина се евакуирани поради ураганот.

Американскиот претседател, Барак Обама, вчера прогласи вонредна состојба во Јужна Каролина.
Ураганот Метју претходно однесе повеќе од илјада животи на Хаити.