Хроника Управителка на кочанска фирма осомничена за даночно затајување

Управителка на кочанска фирма осомничена за даночно затајување

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против Ж.П. (40) од Кочани, управителка на фирмата „Петров хит“, и против правното лице, поради сомневања за даночно затајување, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, осомничената, во текот на минатата година, како управител на фирмата, со намера да одбегне делумно плаќање персонален данок и ДДВ, давала лажни податоци за приходите на „Петров хит“.

Според полицијата, осомничената го оштетила државниот буџет за околу 193.000 денари, односно околу 3.100 евра.