понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: СВРШтип | 13 резултати

Стечаен управник, вештаци, сметководители… осомничени за злоупотреби во девет фирми

јуни 23, 2015

Стечаен управник, управители на фирми, вештаци и сметководители се осомничени дека со незаконски дејства и со фалсификување документи на девет фирми од Источна Македонија, го оштетиле буџетот на државата за сума од околу 12,8 милиони денари или околу 208.000 евра, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, пријави се поднесени против вкупно 18 лица, од повеќе […]

Поранешен градоначалник на Македонска Каменица осомничен за присвојување управна зграда

мај 20, 2015

Штипската полиција денеска до Основното јавно обивнителство за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Македонска Каменица, кој заедно со уште осум други лица се товари за злосторничко здружување и за уште четири други кривични дела. Групата е осомничена дека во текот на 2006 година подготвила докумантација и заедно со тогашниот стечаен […]

Му зел 50.000 долари, лажејќи го дека ќе му помогне да замине во Австралија

март 10, 2015

Шеесет и двегодишен кочанец е осомничен дека измамил сограѓанин, од кого зел околу 50.000 американски долари, лажно ветувајќи дека ќе му помогне да замине во Австралија. Како што информираат од полицијата, осомничениот Ф.С. (62), кон средината на минатиот месец, откако успеал да го убеди својот сограѓанин дека може да му обезбеди да замине во Австралија, […]

Осумнаесетгодишна кумановка осомничена за фалсификување пари

февруари 27, 2015

Штипската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против 18-годишна кумановка, осомничена за фалсификување пари, сооопшти полицијата. Како што информираат оттаму, кумановката С.Ц. (18) на 24 јануари годинава, во дискотека во Штип платила со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. Случајот го пријавила вработена во дискотеката, а по преземените мерки и по извршеното вештачење, […]

Тројца осомничени за кражби во цркви во Источна Македонија

јануари 23, 2015

Секторот за внатрешни работи Штип ги открил сторителите на тешките кражби што изминативе неколку месеци се случија во цркви во Виничко, Кочанско и на територијата на Општина Македонска Каменица, информираат од МВР. Станува збор за 14 тешки кражби и за три обиди за тешка кражба, кои се случиле во периодот од 13 октомври 2014 година до […]

Тројца штипјани одгледувале марихуана во викенд-куќа

јануари 17, 2015

Тројца штипјани се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, откако при претрес на викенд-куќа во населба во градот, полицијата пронашла насади со марихуана и околу 2.600 семки канабис, информираат од МВР. Станува збор за Д.Ч. (46), М.Б. (38) и К.С. (35), против кои СВР Штип поднел кривична пријава. Според полицијата, […]

Опожарен автомобил на штипјанец

јануари 8, 2015

Во СВР Штип ноќеска, околу 1.40 часот, било пријавено дека на улицата Дузлачки рид е опожарен автомобил, сопственост на жител на градот. Како што информираат од полицијата, станува збор за автомобил марка „пежо 206“, сопственост на Л.Д. (64). Полицијата работи на утврдување на причините за пожарот и на расчистување на настанот.

Штипјанка пријавена за исчезната

декември 11, 2014

Дваесет и седумгодишната штипјанка Е.М., која живеела во Пробиштип, вчера била пријавена за исчезната, информираат од полицијата. Исчезнувањето, околу 15.45 часот, го пријавила нејзината сестра Н.З. (25), која во СВР Штип рекла дека Е.М. излегла од својот дом со изговор дека ќе оди на работа, но до моментот на пријавувањето не се вратила. Полицијата презема […]

78 лица и пет фирми осомничени за фалсификување документи за добивање субвенции

декември 5, 2014

Штипската полиција поднела кривични пријави против сопственикот и управител на фабриката БМФ – Зрновци и против уште 77 физички и пет правни лица за фалсификување или за уништување деловни книги, бидејќи внесувале поголеми количества откупена оризова арпа од реалните за да добијат поголеми суми од субвеници. Меѓу петте фирми, против кои е поднесена кривична пријава е […]

Страна 1 од 1