Македонија УНИЦЕФ: Илјадници деца се заглавени меѓу Македонија и Грција

УНИЦЕФ: Илјадници деца се заглавени меѓу Македонија и Грција

Тешката ситуација на граничните премини на балканската копнена рута, особено во Македонија и во Грција, резултираше со илјадници деца заглавени на границите, под стрес и под ризик од влошување на здравјето и изложеност на злоупотреба, предупредија денеска од УНИЦЕФ.

Според нив, во овој хаос и збрканост децата се принудени да спијат на отворено во бедни услови повеќе од една недела, без можност да се измијат и да добијат соодветна храна. Постои ризик од одвојување на семејствата, а децата со часови остануваат заглавени надвор од транзитните центри во возови, без јасна крајна цел.

– Сведок сум дека мали деца на возраст под пет години се заглавени меѓу двете гранични огради. Не можат да одат ниту напред ниту, пак, да се вратат назад. Неопходно им е засолниште и одмор и треба да знаат што ги чека понатаму – вели Јаспер Јансен, теренски координатор на УНИЦЕФ во Гевгелија.

УНИЦЕФ ја зајакна помошта обезбедувајќи пристап до вода и до санитарни објекти, особено за децата и за бебињата, и достава на средства за лична хигиена и храна, како помош за  децата и за нивните семејства полесно да се справат со овие истоштувачки услови.