Македонија Унитети, Движењето за реформи во ДПА и НДП направија предизборна коалиција

Унитети, Движењето за реформи во ДПА и НДП направија предизборна коалиција

Унитети, Движењето за реформи во ДПА и Националната демократска преродба денеска потпишаа договор за предизборна коалиција.

Партиите се согласиле за заедничка листа и платформа и бараат една од главните државни функции да им следува на Албанците, односно претседател на Собранието, премиер или шеф на државата.

Лидерите најавија дека нивната коалиција ќе биде отворена и за други организации и партии кои досега не биле застапени во Собранието.