Македонија УНХЦР: Вчера во Македонија влегле 5.600 бегалци

УНХЦР: Вчера во Македонија влегле 5.600 бегалци

Околу 5.600 бегалци и мигранти во четвртокот од Грција пристигнале во Македонија, што е двојно повеќе од претходните денови, соопшти денеска УНХЦР.

– Вчера, околу 5.600 лица влегоа во Македонија – изјави портпаролката на УНХЦР, Мелиса Флеминг.

Според податоците на УНХЦР, во последните денови од Грција во Македонија стигнале меѓу 2.000 и 3.000 лица.

Најголем број бегалци од Блискиот Исток, кои во Македонија влегле преку Грција, заминуваат за Србија, а оттаму го продолжуваат својот пат кон Унгарија, за да побараат азил во некоја од развиените земји во ЕУ.