Свет УНХЦР: 23.000 Сиријци побегнале во Турција

УНХЦР: 23.000 Сиријци побегнале во Турција

Најмалку 23.000 сириски бегалци дошле во Турција од 3 до 15 јуни, соопшти денеска во Женева Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

По неколку дена борби, курдските сили денеска целосно ја презеле контролата врз градот Тал Абџад, што го држеа џихадистите на Исламска држава. Градот се наоѓа кај сириско-туската граница.

– Повеќето нови бегалци се Сиријци кои бегаат од насилствата на вооружените групи – рече портпаролот на УНХЦР, Вилиајм Спиндер, додавајќи дека во Турција пристигнале и околу 2.000 ирачки бегалци што побегнале од Мосул, кој е во рацете на Исламска држава.