Свет Европа Унгарскиот министер за одбрана поднесе оставка

Унгарскиот министер за одбрана поднесе оставка

Унгарскиот министер за одбрана, Чаба Хенде, поднесе оставка по состанокот на Советот за национална безбедност, кој беше посветен на големиот наплив на бегалци. Тој оставката ја поднел поради тоа што војската била премногу бавна во подигнување на оградата на границата со Србија.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја прифати оставката и на функцијата го понудил Иштван Симичко, исто така член на партијата Фидес.

Во Унгарија досега пристагнале повеќе до 100.000 бегалци, поголемиот дел од Блискиот Исток.