Култура Унгарска вечер во Прилеп

Унгарска вечер во Прилеп

Со почеток во 20.30 часот на просторот околу Градскиот Саат во Прилеп, денеска ќе се одржи Унгарска вечер, на која ќе настапат оркестарот „Фокош“ и ФГ „Селенце“. Овој културен настан е организира од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп, во соработка со Здружението на Унгарци „Телехаз“ и Амбасадата на Унгарија.

Интересно е што Фолклорната група „Селенце“ доаѓа од Бечеј, Војводина, односно Србија. Од истиот град доаѓа и оркестарот „Фокош“.