Свет Европа Унгарија смета дека слободата на медиумите во таа земја не е загрозена

Унгарија смета дека слободата на медиумите во таа земја не е загрозена

Министерството за надворешни работи нa Унгарија денеска соопшти дека загриженоста на Соединетите Американски Држави (САД) поради слободата на унгарските медиуми е неоснована, јавуваат светските медиуми.

Според портпаролот на унгарското министерство за надворешни работи, Тамаш Менцер, унгарските медиуми изнесуваат низа различни ставови и притоа нивната слобода не е загрозена.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер, изјави вчера дека САД будно го следеле случајот со згаснувањето на најголемиот опозициски весник „Непсабадшаг“ и со одлуката на парламентот за забрана за работа на еден интернет-портал.

Менцер тоа го оцени како мешање на американските власти во одлуката на унгарските сопственици на медиумите да ги затворат овие медиуми.