Свет Балкан Унгарија дозволи војската да се справува со бегалците

Унгарија дозволи војската да се справува со бегалците

Унгарскиот парламент денеска го усвои законот со кој на владата ѝ се дозволува да испрати војска на границите за да се справи со бегалската криза.

Во согласност со законот, армијата ќе има дозвола да употреби гумени куршуми, пиротехнички средства, гранати-солзавец, пиштоли кои фрлаат мрежа.

Законот е усвоен со 151 глас „за“, 12 „против“, а 27 од пратениците биле воздржани.

Владејачката центристичка партија Фидез на премиерот Виктор Орбан, на гласањето доби поддршка од радикалната националистичка партија, која претходно предлагаше дури и построги мерки.