Дописници УНЕСКО ќе финансира проекти за културна разноликост

УНЕСКО ќе финансира проекти за културна разноликост

Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија ги повика јавните институции во земјата, како и здруженијата на граѓани, да поднесат предлог-проекти за реализација на активности од областа на културата, во рамки на Meѓународниот фонд на УНЕСКО.

Предлог-проектите треба да бидат во согласност со одредбите од Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и за унапредување на разноликоста во културните изразувања.

Апликациите може да се доставуваат до 15 април 2015 година, а јасни и прецизни информации може да се најдат на интернет-страницата на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост.

Сите апликации треба да бидат испратени преку официјалната интернет-платформа и другите форми на доставување на проектите нема да бидат прифатени.

Секоја земја-членка на УНЕСКО може да поднесе четири предлог-проекти (два чиј носител е национална/јавна институција и два чиј носител е здружение на граѓани) и во таа насока, Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија преку интернет ќе изврши првична селекција на пријавените апликации, а конечниот избор ќе го направи Меѓународниот комитет на оваа конвенција при УНЕСКО во декември 2015 година.