Култура Уметнички проект на Зоран Попоски на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја

Уметнички проект на Зоран Попоски на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја

Уметнички проект од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е изложен во демилитаризираната зона на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја.

Изложбата е дел од меѓународниот уметнички фестивал „DMZ Pilgrimage International Art Festival“, на кој учествуваат повеќе од 60 уметници од 11 земји во светот. Тема на годинешното издание на фестивалот е „Соочување со другиот“.

Попоски се претставува со дигиталната графика „Конфликтот во Македонија однесе две жртви“, дел од проектот „Апстрактна политика“ (2009-2015).