Хроника Украл ловечка пушка, а татко му ја предал во полиција

Украл ловечка пушка, а татко му ја предал во полиција

Дваесет и седумгодишен прилепчанец е осомничен за недозволено држење и тргување со оружје откако ловечката пушка што ја украл, неговиот татко доброволно ја предал во полиција.

Според полициските информации, осомничениот на 19 декември, минатата година, од куќа на улицата Петта прилепска бригада, украл ловна пушка, карабин „црвена застава“, со калибар 8×57, и пет куршуми. По три дена, неговиот татко ја предал пушката во полиција.