Свет Украински војник загина во близина на Доњецк

Украински војник загина во близина на Доњецк

Еден украински војник е убиен изминатите 24 часа во проруските сепаратистички региони, каде вчера повторно почнаа спорадични борби.

Војникот загинал во селото Зајцево, кое се наоѓа на граничната линија меѓу војските, на 50 километри северно од бунтовничкото упориште Доњецк.

– Сепаратистите ги напаѓаа со минофрлачи позициите на украинската армија – изјави на прес-конференција портпаролот на украинските сили, Олександер Мотузјаник.

Украинските сили изутринава соопштија дека во петокот учествувале во судири во истата зона, каде стотици бунтовници ги нападнале нивните позиции.