Свет Европа Украинската војска нападната 112 пати од почетокот на примирјето

Украинската војска нападната 112 пати од почетокот на примирјето

Киев објави дека украинската војска во последните 24 часа била 112 пати под огнот на сепаратистите и тоа без оглед на примирјето што стапи на сила на 15 февруари.

Министерот за надворешни работи, Павло Климкин, изјави дека Украина целосно го почитува примирјето, но ги обвини сепаратистите од Донецк и од Луганск за артилериски напад, како и за напади со ракетниот систем „Град“.

Завојуваните страни соопштија дека нема да го повлечат тешкото вооружување доколку продолжат нападите. Според договорот од Минск, тешкото вооружување е втората фаза од мировната спогодба.