Подглавна секција Украинската контраофанзива напредува на сите фронтови, Зеленски кажа дека понеделник е „среќен...

Украинската контраофанзива напредува на сите фронтови, Зеленски кажа дека понеделник е „среќен ден“

Зеленски го опиша понеделник како „среќен ден“ и рече дека неговите војници „напреднале во сите правци“ на фронтот

Фото: Укринформ.нет

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека украинската контраофанзива против руските сили напредувала на сите фронтови, пренесе Би-Би-Си.

Тој не даде детали, но проруските коментатори велат дека украинските војници ја преминале реката Днепро и повторно зазеле село во близина на Керсон.

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, вчера изјави дека украинските сили ја вратиле контролата над Ривнопил, село во областа Доњецк, западно од кластерот населени места што беа повторно заземени во офанзивните операции.

Зеленски го опиша понеделник како „среќен ден“ и рече дека неговите војници „напреднале во сите правци“ на фронтот.

Инаку, во обраќањето на претседателот Владимир Путин, тој потврди дека пилоти на руската армија биле убиени во судирите со војниците на Вагнер во краткотрајниот бунт во текот на викендот. Тој им се заблагодари на сите оние кои „застанаа на патот на бунтовниците“ и останаа верни на „својата должност, заклетва и својот народ“, пренесува Ројтерс.