Свет Европа Украинска вежба покрај Крим, Русија на готовност

Украинска вежба покрај Крим, Русија на готовност

Руските против воздушни сили на одбрана се на највисоко ниво на готовност пред планираната вежба за лансирање на проектили покрај Крим.

Украинските вежби се закажани за 1 и 2 декември, а украинските власти велат дека тие се легитимни и дека ќе бидат изведени според сите меѓународни обврски и договори.

Москва се противи на плановите за воени вежби покрај Крим кој Русија го спои во 2014 година. Руските власти велат дека ваквиот тип на вежби се со цел да створат нервоза.