Галерија Украинец фатен во обид да внесе во земјава воени шлемови, револвери –...

Украинец фатен во обид да внесе во земјава воени шлемови, револвери – кубури и други антиквитети

Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата земја

Фото: Царинска управа на РСМ

Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, како и препарирана глава од алигатор се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници при спроведена контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин.

Како што соопшти Царинската управа, во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три стандардни и еден мал детектор за метал, двоглед, седум војнички шлемови, мини стругалка, два стари револвери – кубури, една аукциска книга, лупа, мини дрон, како и препарирана глава од алигатор.

Контролата на возилото е извршена поради основано сомневање во исказот на патникот, кој на прашање на царински службеници одговорил дека нема ништо за пријавување. Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата земја.

Стоката е привремено задржана, а против Украинецот е поднесена пријава за сторен царински прекршок.