Македонија Украинците во Скопје утре организираат мирен протест против руската агресија

Украинците во Скопје утре организираат мирен протест против руската агресија

Хуманитарен концерт за спас на Украина, 27.03.2022 г. | Фото: Мета.мк

Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка” најави дека утре (недела) ќе организира протестен митинг во Скопје против руската воена агресија врз Украина. Како што најавуваат од здружението, мирниот протест ќе започне во 12 часот на детското игралиште зад Универзалната сала, а во 12.30 часот ќе се префрли пред амбасадата на Руската федерација во Скопје.