Свет Европа Украина: Убиен бизнисмен во Харков

Украина: Убиен бизнисмен во Харков

Јуриј Димент, бизнисмен и деловен соработник на градоначалникот на Харков, е убиен додека го посетувал гробот на својата мајка.

Властите соопштија дека станува збор за убиство со умисла. Покрената е истрага.

Педесет и двегодишниот Димент е бизнис-партнер на Хенадиј Кернес, градоначалник на Харков.

И самиот Кернес одвај преживеа атентат во април 2014 година, во време на нестабилноста на истокот на Украина, еден месец откако Русија го анектираше полуостровот Крим.

Кернес првобитно ги поддржуваше проруските сепаратисти, а потоа се определи за Киев.