Свет Европа Украина подготвува тужба против Русија пред судот во Хаг

Украина подготвува тужба против Русија пред судот во Хаг

Министерот за правда на Украина, Павел Петренко, во изјава за телевизијата „112“ соопшти дека неговата земја подготвува тужба против Русија пред Меѓународниот суд за правда во Хаг.

Претходно Киев поведе четири парници пред Европскиот суд за човекови права против Русија, во кои се бара надомест од руската страна за случувањата на Крим и во Донбас.

– Постои уште еден одвоен случај кој ние заедно со министерството за надворешни работи го подготвуваме за Меѓународниот суд на Обединетите нации. Нема да кажам повеќе детали, наскоро ќе дознаете – рече Петренко.