Свет Европа Украина објави црна листа на забранети руски книги

Украина објави црна листа на забранети руски книги

Украина забрани 38 книги објавени во Русија, со обвинување дека преку нив се шири „идеологија на омраза“ и „сепартизам“, јавуваат светските медиуми.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, меѓу забранетите наслови се и делата на руските националисти Александар Дугин, Едвард Лимонов и Сергеј Глазјев.

Црната листа на забранети книги била објавена од украинската државна телевизија и радио. Според Украина и нејзините западни сојузници, Русија шири сепаратизам и им помага на бунтовниците во источниот дел на земјата.

Инаку, Русија, исто така, има црна листа на книги и други публикации, која се нарекува „Федерална листа на екстремистички материјали“ и содржи повеќе од 1.000 наслови, а е објавена на интернет-страницата на Руското министерство за правда, пренесува „Би-Би-Си“.