Свет Европа Украина нападната од 40 руски ракети и дронови

Украина нападната од 40 руски ракети и дронови

Системот за одбрана од воздушни напади соборил многу помалку ракети од вообичаено за време на утринскиот напад

фото: Укринформ

Утрово Русија лансираше 37 ракети и три дрона кон Украина. Системот за одбрана од воздушни напади соборил осум ракети, многу помал процент од тоа колку вообичаено се успешни украинските воздушни сили, известува Ројтерс.

Погодени се градовите Днипро и Чернихив, но сè уште не се објавени детали во врска со тоа кои биле точните воени цели на нападот.

„Оштетени се неколку домови и нестанбени објекти, a една зграда е практично уништена како последица на удари од остатоците од бомбардирањата“, изјавила полицијата на Чернихив.

Засега не се забележани повредени лица, но е забележано едно угинато куче.

Инаку, портпаролот на украинските воздушни сили пред неколку дена изјави дека во Украина има недостаток на ракети за одбрана од воздушни напади. Засега не е јасно што е причината за овој недостаток.

Дополнително, повеќето ракети кои биле искористени во овој напад биле од многу брз тип, што довело до понатамошни тешкотии при нивното соборување.