Хроника Украдени околу 22.000 евра и накит од стан во Скопје

Украдени околу 22.000 евра и накит од стан во Скопје

Непознат сторител вчера ограбил стан во Скопје, на улицата Борка Талевски, сопственост на 71-годишниот К.Е..

Како што соопшти МВР, крадецот во периодот од 11.15 до 12.45 часот, со подобен клуч ја отворил влезната врата, а по извршеното пребарување на станот одзел 14.500 евра, женска чанта во која имало пари (евра и денари) во вкупна вредност од околу 420.000 денари и накит.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот и на целосно расчистување на случајот.