Хроника Украдени компјутери од училиште во Скопје

Украдени компјутери од училиште во Скопје

Десет куќишта од компјутери и два преносни компјутери минатата недела биле укардени од основно училиште во Скопје.

Како што информираат од полицијата, кражбата се случила меѓу петокот и саботата минатата недела, во основното училиште „Лирија“ на улицата Цветан Димов.

Компјутерите биле украдени од кабинетите по историја и по биологија, а нивната вредност е проценета на околу 21.000 денари.

Полицијата засега нема осомничено лице за тешката кражба.