Хроника Украдени компјутери и опрема од три скопски училишта

Украдени компјутери и опрема од три скопски училишта

Изминатите неколку дена, непознати сторители од три основни училишта во Скопје украле компјутери и компјутерска опрема, информира полицијата.

Како што информираат оттаму, во деновите околу викендот, непознат сторител со употреба на погоден алат провалил во основото училиште „Панајот Гиновски“, на улицата Ферид Бајрам, и украл пет мини-компјутери.

Во истиот период, кражба на печатач и на други предмети била пријавена во основното училиште „Емин Дураку“, во селото Ораовиќ.

Во третиот случај, крадец провалил во основното училиште „Лирија“, на улицата Цветан Димов, од каде одзел куќиште за компјутер и лаптоп и причинил материјална штета од околу 20.000 денари.

Полицијата засега нема осомничени за трите кражби.