Хроника Украдени 15 компјутери од основно училиште во Бутел

Украдени 15 компјутери од основно училиште во Бутел

Петнаесет компјутери завчера се украдени од скопското ОУ„Панајот Гиновски“, соопшти полицијата.

Кражбата е извршена во периодот од 20 до 6.30 часот, кога непознат сторител, со употреба на погоден предмет, го обил прозорецот од училницата за одделенска настава, влегол внатре и по извршеното пребарување, одзел 15 компјутери.

Како што соопштува МВР, вредноста на украдените предмети се проценува на околу 245.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.