Хроника Украдени 13.000 евра од куќа во кочанско Спанчево

Украдени 13.000 евра од куќа во кочанско Спанчево

Арамија, вчера, провалил во домот на 33-годишен жител на кочанското село Спанчево и украл 13.000 евра, информираат од полицијата.

Крадецот во куќата влегол откако ја обил влезната врата, а по пребарувањето низ низ собите, во фиока од биро, ги нашол парите.

Полицијата извршила увид во куќата и трага по сторителот.