Хроника Украдени 104.500 денари од поштата во село Жван

Украдени 104.500 денари од поштата во село Жван

Непознато лице ја ограбило поштата во демирхисарското село Жван и од неа украло вкупно 104.500 денари, соопшти полицијата.

Кражбата била извршена во периодот меѓу 5 и 7 декември годинава. Крадецот со употреба на физичка сила и соодветен алат, насилно ја отворил влезната врата, а потоа насилно го отворил металниот сеф од каде ги одзел парите, по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.