Хроника Украден златен накит од стан во Скопје

Украден златен накит од стан во Скопје

Непознат сторител викендов провалил во стан, сопственост на скопјанецот Е.Г. (34), и украл златен накит, чија вредност била проценета на 100.000 денари.

Според полицијата, кражбата се случила во засега неутврдено време, меѓу петокот и понеделеникот, а сторителот во станот влегол со насилно отворање на прозорецот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.