Хроника Украден пиштол од стан во Скопје

Украден пиштол од стан во Скопје

Непознато лице вчера извршило тешка кражба во стан на скопската улица Ѓорѓи Поп-Христов.

Крадецот од станот на 54-годишниот Р.Џ. (54) украл еден пиштол, марка „чешка зброевка“, со калибар 9 милиметри.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.