Хроника Украден пиштол, ловечки нож и евра во куќа во село Трница

Украден пиштол, ловечки нож и евра во куќа во село Трница

Шеесет и тригодишниот А.П. од мавровското село Трница вчера околу 19,15 часот во полиција пријавил дека ограбен му е домот.

Непознато лице користејќи ја балконската врата упаднал во неговата куќа, при што одзел пиштол „застава ЦЗ-99“ со полна рамка, еден ловечки нож и 1.700 евра.

Краадецот заминал во непознат правец, а полицијата презема мерки за за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.