Македонија Укинато намалувањето на поведението на средношколката поради објавата на „Фејсбук“

Укинато намалувањето на поведението на средношколката поради објавата на „Фејсбук“

Наставничкиот совет на училиштето „Кочо Рацин“ во Велес, на вонреден состанок едногласно ја укинал одлуката за намалување на поведението на средношколката Илина Димовска, пишува Радио МОФ.

Состанокот бил одржан на 29 јануари, ден по објавата на голем дел до медиумите за случајот со средношколката.

Имено, на средношколката Димовска ѝ било намалено поведението затоа што на 16 номеври на „Фејсбук“ напишала критички став кон вработените во училиштето. Казната била донесена без да се завери записник, да се свика Советот и без одлуката да ја потпише родител.