Македонија Укината задолжителната евакуација на жителите околу браната Оровил

Укината задолжителната евакуација на жителите околу браната Оровил

Речиси 190.000 лица, на кои им беше наредено да се евакуираат поради опасност од попуштање на браната во близина на градот Оровил во Северна Калифорнија, на која неодамна се отвори дупка, може да вратат во своите домови, соопшти денеска шерифот на округот Бјут, Кори Хонеа.

Наредбата за задолжителна евакуација на 188.000 лица кои живеат низводно од браната Оровил, која беше издадена во неделата, денеска е сменета во предупредување за евакуација, рече Хонеа.