Македонија УКИМ ја прифати средбата со МОН на 10 февруари

УКИМ ја прифати средбата со МОН на 10 февруари

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја прифати поканата за средба со Министерството за образвание и наука на 10 февруари.

„Ве известуваме дека го прифаќаме предлогот средбата да се одржи на 10 февруари. Местото и терминот за средбата ќе бидат дополнително договорени“, пишува во дописот од ректорот Велимир Стојковски до министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

МОН вчера предложи средба на 10 февруари со преставници делегирани од УКИМ, откако Сенатот на УКИМ бараше сеопфатна, стручна и темелна анализа, од која ќе произлезат предлози за реформи и за подобрувања во високото образование.