Хроника УЈП затвори шест нелегални обложувалници во Струга, Кичево и во Дебар

УЈП затвори шест нелегални обложувалници во Струга, Кичево и во Дебар

Полициски екипи и инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) во средата оваа недела, извршиле контрола во осум обложувалници во Струга, Кичево и во Дебар и во шест од нив констатирале дека организаторите на игри на среќа работат без лиценци, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Поради незаконско работење, од обложувалниците, инспекторите на УЈП одзеле пари, телевизори, компјутери, монитори, печатачи и друга опрема. При акцијата, од УЈП било издадено решение за забрана за работа и за приредување игри на среќа и забавни игри и биле запечатени две нелегални обложувалници во Кичево и во селото Стрелци, три во струшките села Велешта и Корошишта и една во Дебар.