Македонија УХМР: Во Скопје денеска се очекува невреме со дожд, град, грмежи и...

УХМР: Во Скопје денеска се очекува невреме со дожд, град, грмежи и силен ветар

Оттаму известуваат и дека подрачјето на Велес денеска ќе биде зафатено од невреме

Населба Лисиче / Фото: ЦУК

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека попладнево западниот дел на Скопје ќе биде зафатен од невреме со пороен дожд, град, силен ветар и грмежи.

Оттаму известуваат и дека подрачјето на Велес денеска ќе биде зафатено од невреме.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), имаат зголемен број пријави за итни случаи на бројот 112, за штети од регионите погодени од локалните налети на невреме.