Хроника Угостители од Охрид и од Струга точеле алкохол на малолетници по полноќ

Угостители од Охрид и од Струга точеле алкохол на малолетници по полноќ

Aкциски контроли реализирани од Секторот за внатрешни работи од Охрид, во угостителски објекти во Охрид и во Струга, регистрирале низа неправилности и непочитување на законот за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за заштита од пушење, законот за угостителска дејност, законот за туристичка дејност, како и други непочитувања на Кривичниот законик.

Во еден угостителски објект на улицата Јане Сандански во Охрид, затекнат е малолетник кој консумирал алкохолен пијалак. По овластување на јавниот обвинител, шишето со пијалак е фотографирано и подигнато за вештачење на течноста во него.

Во угостителски објекти на улиците Димитар Влахов во Охрид и Пабло Неруда во Струга, констатирани се прекршоци, односно овозможување присуство на малолетни лица во угостителски објект по 24 часот.

Во неколку други угостителски објекти регистрирани се прекршоци по законот за заштита од пушењето.

Против угостителските објекти каде се сторени прекршоците, ќе бидат поднесени соодветни пријави.