Спорт Спорт Свет УЕФА: Судијата не го оштети Сити

УЕФА: Судијата не го оштети Сити

Манчестер Сити против ЦСКА

Европската фудбалска унија соопшти дека судијата Тасос Сидиропулос во извештајот навел дека не му дал жолт картон на играчот на ЦСК на натпреварот со Манчестер сити.

Преносот од натпреварот во кој ЦСК го победи Сити со 2:1 покажа дека Сидиропулос требало да го санкционира Понтус Вернблум поради фаул над Серхиј Агуеро во 77. минута. Но, наместо Вернблом да добие жолт картон, судијата го опомена Сергеј Игнашевиќ.

Тоа е протолкувано, дури и на официјалната веб-страница на Сити, како случај со погрешен идентитет.
Сепак, Сидиропулос објасни дека планирал жолт картон да му даде на Игнашевиќ, а оти не сметал дека Вернблум заслужувал да биде опоменат за фаул.

Судијата, во своето деби во Лигата на шампионите, покажа црвен картон на фудбалерите на Сити, Фернандињо и Јаја Туре.