Македонија Училиштето „11 Октомври“ со хуманитарна помош за поплавените

Училиштето „11 Октомври“ со хуманитарна помош за поплавените

Во скопското основно училиште „11 Октомври“ во тек е хуманитарна акција за собирање помош за настраданите од поплавените подрачја од неодамнешните поплави во Македонија. Учениците од прво до деветто одделение собираат конзервирана храна, средства за лична хигиена и други продукти потребни за настраданите во поплавите. Хуманитарната акција завршува утре, во 13 часот, кога собраните работи ќе бидат предадени на Црвени крст, а кој ќе ги достави до оние луѓе на кои им е најпотребна помошта.

Учениците од ова училиште собираа хуманитарна помош и за настраданите од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина.