Свет Свет Учеството на НАТО во Сирија само ќе ја влоши ситуацијата, смета Столтенберг

Учеството на НАТО во Сирија само ќе ја влоши ситуацијата, смета Столтенберг

Учеството на НАТО во судирите во Сирија само би ги влошило работите, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за германскиот весник „Билд“, додавајќи дека тоа што се случува во Сирија е „морничава хуманитарна катастрофа“.

– Понекогаш е добро да се распореди војска како во Авганистан, но некогаш цената на воената интервенција е поголема од нејзината полза – рече Столтенберг.

Тој истакна дека во случајот со Сирија, НАТО-партнерите заклучиле дека ангажирањето на војската само ќе ја влоши и онака грозната ситуација и оти учеството на Северноатлантската алијанса би можело да придонесе конфликтот да стане регионален, а со тоа да се зголеми и бројот на невини жртви.

– Воената интервенција не секогаш е решение – рече Столтенберг.