Македонија Учениците во Кичево на протест поради ладните училишта

Учениците во Кичево на протест поради ладните училишта

Училиштата без деца

Повеќе од 1.000 ученици од основните училиште „Кузман Jосифоски-Питу“ и „Д-р Владимир Полежиноњски“ во Кичево одбиваат да следат настава поради ладните простории.

Според информациите, во училиштата нема пари за нафта за парното греење, а поради застарени долгови сметките се блокирани.

Поради ова, советот на родители од основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ реши и денеска учениците да седат дома, а родителите најавија протест пред Општина Кичево.