Македонија Убиство и самоубиство во Демир Капија

Убиство и самоубиство во Демир Капија

Според информациите на полицијата, станува збор за двајца соседи, односно 72-годишниот М.К., го убил својот 34-годишен сосед, а потоа извршил самоубиство

Фото: Мета.мк

Убиство и самоубиство се случиле утринава во Демир Капија. Според информациите на полицијата, станува збор за двајца соседи, односно 72-годишниот М.К., го убил својот 34-годишен сосед, а потоа извршил самоубиство.

„Денеска во 06.50 часот во полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, се вели во полициското соопштение.

Наводно, причината за овој трагичен настан биле претходни расправии меѓу двајцата соседи.