Uncategorized Убиениот Канаѓанец бил член на ИД и подготвувал голем напад

Убиениот Канаѓанец бил член на ИД и подготвувал голем напад

Џихадистичката организација Исламска држава потврди дека Канаѓанецот Арон Драјвер, кој канадската полиција вчера го уби при обид за терористички напад бил нејзин член, јавува агенцијата Амак, блиска до терористичката организација.

Американската разузнавачка група СИТЕ, која ги следи интернет активности на екстремистичките групи соопшти дека нападот требало да биде одговор на повиците да се извршат напади во земјите кои се дел од меѓународната коалиција за борба против ИД.

Според податоците на канадската полиција, Драјвер планирал со рачно изработена бомба да нападне фреквентно место во поголем град во Канада.